Во пресрет на натпреварот со Летонија, македонскиот фудбалски репрезентативец Давид Бабунски е оптимистички расположен.
– Посочени сме како фаворити во групата, но ние треба да бидеме скромни и да се бориме за шансата која ја имаме. Нема да биде лесно, посебно што играме на гостински терен. Денеска сите го развиваат фудбалот, играат тактички добро. Немаме многу време за подготовки, правиме анализа за да ги идентификуваме нивните слаби страни и се разбира ние да ги искористиме нашите шанси за да ги освоиме бодовите, изјави Бабунски за сајтот на ФФМ.
Натпреварот со Летонија е закажан за 10 октомври во Рига, три дена подоцна македонските фудбалери ќе и гостуваат на Ерменија во Ереван.
Двете средби се од четвртата група во Ц – Лига на нации
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.