Репрезентацијата на Аргентина води со 2:0 против Хрватска во полуфиналниот меч од СП во Катар. Хрватите беа рамноправни по пол час, а потоа им се стемни.

Во 32 минута Ливаковиќ во обид да стигне прв до топката собори еден аргентински фудбалер, а судијата Даниеле Орсато покажа на белата точка.

Лео Меси погоди за водство на Аргентина, но и за историја. Меси со 11 гола е најдобриот аргентински стрелец на Светските првенства, симнувајќи го од првото место некогашниот голгетер Габриел Батистута.

Во 38 минута нов шок за Хрватите. Дефанзивците погрешија, а Алварез во трка успеа да помине двајца-тројца дефанзивци и ја смести зад грбот на Ливаковиќ.

Во 42 минута и Мекалистер се обиде, меѓутоа Ливаковиќ ја спаси мрежата. Дури во финишот на првото полувреме Хрватите имаа сериозна шанса но Мартинез беше сигурен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.