Швајцарија има многу добри фудбалери, но англиската репрезентација верува во победа, изјави централниот дефанзивец на континенталните вицешампиони Џон Стоунс. Двете селекции ќе се сретнат в сабота во четвртфиналето на Европското првенство во Германија.

-Тие имаат одлични играчи. Тоа ќе биде одличен судир и сериозен тест за нас. Верувам дека можеме да победиме, рече тој, цитиран од Скај Спортс.

Во последните часови англиските медиуми шпекулираа дека селекторот Герет Саутгејт ќе ја промени шемата и репрезентацијата ќе игра со тројца централни дефанзивци. Џон Стоунс ќе биде еден од нив, но Марк Гехи нема да може да настапи на овој меч.

-Се надевам дека нема да има проблем, како што е случај на тренинзите. Се подготвуваме за сите сценарија и знам дека кој и да е во составот викендов, тој ќе биде подготвен за игра. Сите сме подготвени да играме. Кој и да е во во составот, безрезервно му верувам, изјави дефанзивецот.

Англија беше критикувана дома за нивниот настап, но гневот беше насочен главно кон Саутгејт. Сепак, Стоунс е сигурен дека токму овој селектор може да ја одведе репрезентацијата до европската титула.

-Тој ја промени културата во овој тим, што не е лесно да се направи. Играчите доаѓаат од клубови со сосема различни филозофии, но секој од нив се чувствува удобно во националниот тим, со овие момци и на тренинзите. Герет многу јасно ни дава до знаење што сака од нас Тој изгради победничка култура во националниот тим и е вклучен во апсолутно се што се случува, изјави Стоунс



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.