Женскиот фудбалски клуб „Каменица Саса” ги засилува своите редови со фудбалерка од Америка. Пејтон Тајчер Чик е новото име, кое ќе игра на позицијата крило, со цел да и помогне на екипата во походот кон новиот шампионски пехар.
Наша нова фудбалерка е Пејтон Тајлер Чик, која ни доаѓа од Сиетл, САД. Откако успешно помина медицински тестови, Пејтон и се приклучи на првиот тренинг на актуелните Шампиони на Македонија. Со доаѓањето на Пејтон добиваме повеќе на квалитет по крилните позиции, со своето искуство очекуваме пролетниот дел да ни помогне да бидеме уште посилни и порезултатни, се вели во соопштението од клубот од М.Каменица.
Пејтон својот потпис го стави за период од една година, а во зависност од околностите истиот би можел да биде продолжен.
ЖФК Каменица Саса е двократен фудбалски шампион, а со новото засилување од тимот екипата да дојде и до третиот трофеј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.