Граѓаните на Тетово и околината, љубителите на спортот, навивачите и фудбалските клубови веќе подолго време чекаат на нов или реновиран стадион по соодветни стандарди.

Првично, Алијансата за Албанците-Тетово ќе ја поддржи секоја иницијатива со која конечно ќе се реши прашањето за поправка и реновирање на Градскиот стадион, која иницијатива мора да биде во рамките на законот, редовната тендерска постапка, транспарентноста и отчетноста со парите на граѓаните на Тетово.
Исто така, АА ќе осуди и казни секаква злоупотреба и маниполација со индиции за измама на јавноста за изборен ефект, со народни пари на Тетовчаните.

По изјавата на првиот човек на општина Тетово, Билал Касами, за отворањето на тендерот за новиот стадион, ние како АА Тетово, но и како обични граѓани и љубители на спортот од почеток ги изразуваме нашите дилеми и сомнежи за злоупотреба и измама во овој процес.

Затоа, јавно ги поставуваме нашите дилеми и воедно поставуваме прашања за кои очекуваме одговори од општина Тетово:
1. Како е можно транспортна компанија која имала загуби од другата страна да распише милионски тендер?
2. Дали оваа јавна набавка е предвидена во програмата и во планот на општина Тетово во 2023 година кога се составуваше буџетот и дали истиот беше изгласан во Советот на општината?
3. Дали е законски да се започне тендерската постапка без буџет и без финансиска структура, кога самата општина генерира јавен долг додека претпријатието работи со загуба.

3. Дали тендерските услови се во согласност со големината на проектот на стадионот?

4. Зошто покрај реновирањето или изградбата на Градскиот стадион да се изградат и помошни стадиони во Спортскиот центар и во село Сараќина кога го имаме помошниот стадион познат како стадион Луботен. Зошто не се градат помошните стадиони таму каде што се денес и го поставуваме прашањето што ќе се случи со просторот на стариот стадион?
Изјавата на Билал Касами по објавувањето на тендерот и по завршувањето на сите процедури, каде што тврди дека за истото може да му помогнат и ФФМ, УЕФА и Агенцијата за млади и спорт, не изгледа сериозна, се додека сите процедури се затворени однапред и не обезбедил прелиминарна поддршка за предметниот проект од горенаведените институции.
Ова се нашите грижи и грижи на граѓаните на Тетово, кои со право треба да бидат информирани! Пред се мора да има транспарентност и отчетност!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.