Албанската фудбалска федерација постигна договор со бразилскиот стручњак Силвињо да ја води А- репрезентацијата. Четириесет и осумгодишниот Бразилец е без ангажман од февруари 2022 година.
Силвињо ќе го замени Италијанецот Едоардо Реј на селекторското место на албанската репрезентација.
Негови помошници ќе бидат Аргентинецот Пабло Забалета и Бразилецот Дорива.
Договорот со Силвињо е со важност до крајот на Евро 2024 година.
Претходно, Бразилецот работеше со Коринтијанс и Лион, како и помошник селектор во бразилската репрезентација
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.