УЕФА натпреварот од српската Суперлига го стави под етикетата „сомнителен“. Се работи за дуелот меѓу Радник и Нови Пазар, дознава „Спорт Клуб“.

Натпреварот одигран на 11 април заврши со победа на домашната екипа 2:0.

Се помина, навидум нормално, Радник славеше со головите на Синиша Бабиќ во 10. минута и Урош Миловановиќ во 35. минута со 2:0.

Сепак, Специјализираните служби за мониторинг на обложување, директно поврзани со Европската фудбалска федерација, лоцираа неколку сомнителни појави и енормно големи уплати за победа на Радник.Затоа испратија сигнал до Белград да реагира и да го стави целиот случај под лупа.

„Спорт клуб“ дознава дека под сомнение се и некои фудбалери на Нови Пазар



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.