Фудбалските прволигаш Дњепар-1 и Олександрија го одиграа најдолгиот натпревар во историјата на украинскиот фудбал што траеше речиси пет часа.

Натпреварот, како што објавија денеска украинските медиуми, се одиграл во понеделникот во Дњепар, и започнал во 17 часот, а завршил малку по 22 часот, по речиси 280 минути.

Причина за тоа биле бројните сирени за воздушни напади. Натпреварите, кои од безбедносни причини се играат без присуство на публика, мораат да бидат прекинати во случај на сирени за воздушни напади, кои за време на натпреварот меѓу Дњепар-1 и Олександрија се огласиле повеќе пати.

„Ова е најдолгиот натпревар во историјата на украинското првенство“, објави порталот „спорт.уа“.

На крајот, Дњепар победи со 1-0 со голот на Александар Филипов во 34 минута



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.