„Златна бубамара на популарноста“, убедливо најпопуларната манифестација кај нас, оваа година ќе се одржи на 22 февруари во арената „Борис Трајковски“.

Под мотото „Кој чека ќе дочека“, омилената манифестација ќе направи се што ветила во рамки на својот 27-ми мандат – сатирично ќе ја раскаже изминатата година и ќе ги донесе на иста сцена најпознатите уметници од Македонија и регионот.

Билетите ќе бидат пуштени во он-лајн продажба од 12 часот преку сервисите на karti.com. mk и МКТickets.mk или во цвеќарницата „Розе Веро 2“.

Во време кога нема никаков ред – редно е да имаме ред и седиште на 27-та Златна бубамара на популарноста. Влезот ќе биде дозволен и за посетители со стари лични карти и пасоши, за кои ќе има организирано колективно фотографирање, делење образци и потписи.

Да се чекираме на бубамарскиот лет број 27. Набавете си на време карта за убаво расположение, велат организаторите кои ветуваат тричасовен незаборавен спектакл.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.