На 13 април од 20 часот, во Националната опера и балет ќе се одржи вториот дел од концертот „Најголемите хитови на Ем-Ти-Ви“. Ќе свири Камерниот оркестар на Битола, кој минатата година одржа два концерта со најголемите хитови од 1980-тите и 1990-тите.
„Со 100 учесници на сцена, 10 извонредни пејачи, оркестар во полн состав, хорот ‘Мирче Ацев‘ и балетски играчи при Националната опера и балет, присутните ќе имаат можност да ги слушнат во живо вечните хитови на легендарни рок бендови како ‘Ганс ен роузис’, ‘Квин’, ‘Скорпионс’ и ‘Јуроп’, како и најголемите хитови на Витни Хјустон, Тони Брекстон, Тина Тарнер, Кулио и други“, велат од Камерниот оркестар.
Билетите се во продажба преку мрежата на „Мк тикетс“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.