Песната „Јутро“ годинава на „Охрид фест“ го добива признанието „Песна за сите времиња“. Го помина тестот на времето, ни се врежа во срцата и еве ја трае скоро 20 години.

Секако дека „Јутро“ е мојата музичка лична карта, и драго ми е што е прогласена за песна за сите времиња, бидејќи таа навистина е антологиска. Му благодарам на „Охрид фест“ за оваа награда! Секако таа му припаѓа и на Жељко Јосимовиќ кој ја компонираше „Јутро“, го правеше аранжманот ама и на Александра Милутиновиќ која го напиша текстот. И благодарам на публиката која ме сака, поддржува и слуша сите овие години, и благодарам бидејќи имам за кого да пеам, вели Јелена Томашевиќ.

Таа смета дека постои некоја тајна врска меѓу неа и македонската публика, па затоа и често доаѓа.

Секако тука е и поврзаноста со вонвременскиот Тоше чива што песна „Где да одем да те не волим“ ја снимив на претходниот албум. Обожавам се кога ќе дојдам во Македонија- од луѓе, преку музика па се до храна.

За нејзината успешна кариера, фантастични песни, концерти, но и дека и покрај тоа остана природна, достапна и драга вели дека тоа е работа на воспитување ама и на карактер.

Оваа наша работа е многу неизвесна а популарноста- релативна, па се може многу бргу да се смени. Затоа е добро да не се занесувате со слава.

За музиката денес, новите пејачи и жанрови смета дека песната е браник против сите „натрапници“ во музиката.

Да, тоа е песната. Мислам дека трендовите секогаш постоеле, па и меѓу нив има добри песни, не се осудува се. Медиумите можат многу да помогнат, во поддеднакво пласирање на трендовската и меин стрим музиката, за да немаме впечаток дека на публиката и е наметнат некој вид на музика, туку дека го имаат правото на избор.

Фото: Милош Надаждин



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.