Креатори на платформата „Creative Gate“ се фестивалот Таксират и EXIT Фондацијата, а наменета е за различни актери во секторот на културните и креативните индустрии во регионот на Западен Балкан: партнерски проекти, професионалци во оваа индустрија (организации и поединци) регистрирани на платформата „Creative Gate“, креативни места, уметници, настани и фестивали. Индиректно, корист од проектот ќе имаат и: пошироката јавност, медиумите, партнерите и општествата на земјите од регионот во целина.

Освен платформата како централен дел, проектот ќе вклучи и интензивна промотивна кампања која ќе вклучи настани во повеќе градови од регионот како и Western Balkans Creative Day  – денот кога сите учесници на проектот, професионалци од областа на културни и креативни индустрии, организации и млади, нови креативни таленти кои ќе имаат можност да се вмрежуваат, да споделуваат искуства од секторот, како и да ја зголемат видливоста на нивната работа.

Оваа иницијатива е дел од проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“ (CC4WBs), финансиран од Европската Унија, кој има за цел да го подобри дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културниот и креативниот сектор и развивање на неговиот потенцијал за социо-економски влијание во овој регион. УНЕСКО, Британскиот совет и Италијанската агенција за развој (AICS) се задолжени за координација на проектот.

Платформата од овој вид претставува клучен чекор кон организираниот развој на културните и креативните индустрии во регионот на Западен Балкан. Тоа ќе овозможи поголема видливост, промоција, вмрежување и соработка меѓу креативците, што ќе создаде синергија и ќе го поддржи понатамошниот раст и развој на секторот. Ги повикуваме сите заинтересирани, граѓански организации кои се занимаваат со култура и креативност, како и поединци и компании да следат и на есен да се пријават на платформата, да се приклучат на оваа иницијатива и да ги искористат поволностите што ги нуди платформата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.