Американскиот актер Стивен Сигал ќе учествува како изведувач на фестивалот на антифашистичка музика Guitars in Formation, што ќе се одржи од 1 до 6 мај во градот Самара.
Сигал ќе се качи на сцената на 6 мај за да отпее неколку блуз-хитови и други негови авторски песни, објави владата на покраината Самараво во соопштение што го пренесе руската новинска агенција ТАСС.
„Многу луѓе знаат дека Стивен е и музичар со длабока љубов кон блузот на животот“, се наведува во официјалното соопштение, во кое се истакнува дека истиот ден ќе настапат никарагванскиот бенд „Либер арте“, Словенецот Сашо Гачник и Французинот Франсоа Модем, заедно со руски изведувачи, како Сергеј Војтенко или Денис Мајданов.
Сигал, кој на 10 април наполни 71 година, е специјален претставник на руското Министерство за надворешни работи за руско-американски хуманитарни односи.
Актерот веќе настапуваше во 2014 година за проруските сепаратисти на полуостровот Крим. Сигал и неговиот блуз-бенд свиреа на „бајкерски“ концерт, што се одржа во градот Севастопол, дом на руската Црноморска флота.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.