Популарната поп пејачка Калиопи го одржа својот солистички концерт во МТС салата во Белград. Ова е осми концерт на Калиопи во Белград во тек на нејзината кариера, а втор во МТС салата. Истиот требаше да се одржи минатата година во ноември, но беше откажан пред самиот почеток, бидејќи почина жена во публиката.
Најголемите хитови од нејзиниот богат опус: „Мелем“, „Прости“, „Вучица“, „Мрвица“, „Обои ме“, „Месечина“, „Утро “, „Пожели“, „Кофер љубави“, „Локомотива“ – на кој на музичарите им се придружи и младиот тамбураш Страхиња Сегедински ја разнежнија публиката. Хитот „Небото ми сјае“ го изведе заедно со детскиот хор „Магија“ („Чаролија“), под диригентската палка на Леонтина Вукомановиќ, а изненадување на вечерта беше појавувањето на нејзиниот голем пријател, а сега гостин на концертот, поп-ѕвездата Жељко Самарџиќ, со кој минатата година ја објавија песната „Знам“ и која првпат заедно во живо ја изведоа во Белград.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.