Атмосферата беше наелектризирана од самиот почеток, а толпата најпрво ја загреваа локалните актери DJ Bonev, DJ Popeye, Дивизија, Zee, Matej Foltz и Young Dadi. Како одминуваше ноќта, енергијата растеше, а кога на сцената излезе популарното македонско дуо 2Bona, публиката ги пречека со ентузијазам!
Феноменална поврзаност со публиката следеше кога на сцената излезе балканската трап дива Senidah и уште од самиот старт предизвика еуфорија кај публиката, а нејзината комуникација со фановите се почувствува веќе во првата рима! Својата сензуалност и автентичен став таа им ги пренесе на сите собрани, кои заедно со нејзините најголеми хитови, но и новите синглови, пееја на цел глас и посакаа тоа лето, а со тоа и најдобрите забави, потраат барем уште неколку незаборавни ноќи!
Како што одминуваше ѕвездената ноќ, атмосферата стануваше се поенергична, а њујоршката афро-хаус диџејка Layla Benitez директно од Мајами на полноќ слета до центарот на забавата и дополнително ја подигна атмосферата носејќи уникатна енергија на сцената. Нејзините заразни ритми брзо ја освоија публиката која танцуваше без престан! Комбинацијата на звукот на афро-хаус и нејзиниот препознатлив стил одлично прилегаа на летната ноќ и ја претворија во мистично и магично незаборавно искуство.
По феноменалната електронска увертира, Греми номинираното техно трио Meduza номинирано за Греми ја презеде сцената и го претвори Големиот парк во Струмица во вистински танцувачки рај. Нивниот препознатлив звук целосно ја воодушеви публиката, додека светлата и звуците совршено се вклопија во атмосферата на една незаборавна ноќ!
Кулминацијата на најголемата летна забава ја даде електро дуото Agents Of Time, кои ја држеа публиката на нозе до зори, создавајќи магична атмосфера под отворено небо. Нивната музика, препознатлива по својата динамична комбинација на мелодии и ритми, ја следеше енергијата на ноќта, а нивните најголеми хитови ја направија убавата зора уште повпечатлива и понезаборавна!
Третата по ред Get EXITed забава организирана во соработка со тимот на EXIT и општина Струмица постави нов стандард за летните забави во регионот. Неверојатната енергија, врвните изведувачи и расположената публика се погрижија забавата Get EXITed да стане незаборавен настан за кој долго ќе се зборува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.