Вечерва во рамки на фестивалот Танц Фест 2023, во 20 часот во Младинскиот културен центар ќе се изведат три кореографии на автори од Италија, Романија и Словачка.
Првата кореографија под наслов „Дали е реално?“ е во кореографија на Гилда Федерика Цесарио, од Италија, видео материјалите се на Андреа Базиле, а настапуваат: Мартина Тондо, Росела Донато, Данило Скалинчи, Антонио Панарити и Дениз Камаса.
Следната короеграфија „OPUS I-IV„ во продукција на УНАГЕ од Романија е во режија и кореографија на Сандра Мавхима, дизајн на светло на Емилијан Андреи , на музика на Богдан Маринески, костими на Анастасија Банаја и Александру Флореа, а настапуваат танчерите Хуан Круз Луке, Алина Постолаче, Бјанка Секриеру, Илинка Агафитеи, Ана Ван Харен.
Трета кореографија „Lud:Us“ е со концепт и кореографија на Јакуб Черулик, гостин од Словачка, а тој е и изведувач на кореографијата. Драматургијата е на Александра Пазгу и Јурај Корец, а дизајнот на светлото е на Мартин Пушкар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.