Со музичко-сценската манифестација „Незаборав“, годинава посветена на композиторот Тоде Новачевски, вечер во Битола ќе се затвори културното лето „БитФест 2024“

Традиционалната манифестација „Незаборав“ ќе се одржи на платото од Офицерскиот дом во Битола, каде во живо ќе бидат исполнети песни од композиторот Тоде Новачевски, а во изведба на познати битолски музичари – изведувачи.

 

 

-Манифестацијата е финансирана од Општина Битола, а како автор на проектот може да потсетам дека изминатите 13 изданија на „Незаборав“ беа посветени на Сашка Петковска, Јонче Христовски, Пепи Бафтировски, Љупчо Спасеновски, Добри Ставревски, Гоце Николовски, Миле Шерденков, групата Битолски Конзули, Битолчани на Валандово, Драган Каранфиловски – Бојс и други настани значајни за градот, изјави за МИА, Панде Димитровски.

Како што е познато, битолското културно лето почна со спектакуларен концерт „Симфонија на ѕвездите“ што се одржа на градскиот стадион во Битола, а во текот на летниот период на повеќе локации во градот се одржаа бројни културни настани кои како што информираа од локалната самоуправа, ги отсликуваат културните вредности на Битола.

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.