Овој петок, на Стадион на АРМ ќе се одржи ултимативната летна музичка фрка – Skopje Calling 2023, заедно со Nina Kraviz, Laibach, Konstrakta & Zemlja Gruva, Buč Kesidi и Nipplepeople!

Саатницата за настап, организаторите соопштија дека дополнително ќе биде објавено. На денешната прес конференција беше откриено дека отворањето ќе биде со музичко-визуелното шоу на „Лајбах“ , кое би почнало после 21 часот бидејќи имале импресивен визуелен настап и инсистирале да биде стемнето кога ќе настапат.

Лајнапот е за публика од седум до 60-70 години, ако имаме предвид дека публиката на Констракта и ‘Буч Кесиди‘ е помлада, а публиката на ‘Ниплпипл‘ и Нина Кравиц е од средни години. Продукциски, сè ќе биде на највисоко светско ниво, вели Милошески.

Според организаторите Скопје колинг е пософистициран фестивал за сите генерации, додека петвечерниот Охрид колинг е покомерцијален и повеќе наменет за младата публика.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.