Вечерва во голема сала на НУЦК “Ацо Шопов“ во Штип, со почеток во 20:00 часот, присутната публика ќе има прилика да ужива во најновиот стендап на Сашко Коцев насловен „Широк Дијафазон“.

Овој најнов стендап на Коцев е по шест години, а за проектот соработувал со неговиот колега, актерот Александар Михајловски, кој го изработил видеото кое ќе се прикаже за време на настапот, материјал кој е собиран изминативе години. Сценограф е Тања Христовска-Блажевска.

 

„Стендапот е мое видување на нашите општествени аномалии. Зборувам за сето она што му се случува на еден човек преку цел ден и сака да се избори со некои нешта, а понекогаш не е ни свесен дека му се случуваат“ – вели Коцев.

Цена на влезници: 400 денари во претпродажба / на врата: 500 денари



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.