Синот на легендарниот музичар Род Стјуарт, хокеарот Лиам Стјуарт, денеска го кажа судбоносното „да“ на својата долгогодишна девојка Никол Артуковиќ, чие семејство е по потекло од Конавле. По венчавката, новопечениот пар позирал со семејството. Младоженецот го носел нивниот мал син, држејќи се за рака со невестата.
Кога пристигнала невестата Никол, почнало да врне, па ја покриле со голем бел чадор. Но, таа била добро расположена и покрај дождот. Младоженецот Лиам носел бел костум, а невестата раскошна венчаница во комбинација со бели ракавици.
По венчавката, пред црквата имало веселба. Свиреле гајди, со оглед на тоа дека младоженецот е Шкотланѓанец, а Род запеал.
„Дубровнички дневник“ објави видео од веселбата пред црквата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.