В сабота, точно напладне ќе биде промовиран новиот мурал во Дебар Маало, посветен на ликот и делото на маестро Александар Џамбазов, насликан на фасада од куќа на улицата „Орце Николов“.

Муралот е дело на уметниците Драган Китановски – Драш и Марјан Димиќ – Мачка.

На овој настан кој Општина Центар ќе го организира во соработка со Игор Џамбазов, ќе се промовира и книгата „Чичко маестро Џамбаз, во светот на децата“ од авторите Бранка Костиќ Марковиќ и Марко Коловски.

Од Општина Центар упатуваат покана, како што велат сите заедно да го прославиме роденденот на нашиот голем композитор и диригент, Александар Џамбазов и заедно да уживаме во неговите песни кои ќе бидат изведени од поранешните Развигорчиња и Златни славејчиња.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.