Во „Аудиокултура“ на 8 февруари ќе биде промовирана книгата „Јас Пратеник“ од Владимир Мандичевски Манде.
Книгата е, очигледно, една голема сатира. Напишано со едноставен речник и вокабулар, полн со едноставни, „селски“ набљудувања, мудрости од едноставниот живот, кој и покрај дигитализацијата и сето она што таа го носи со себе, има место и во наше време. И оваа симбиоза е голема вештина и способност. Тоа е една од големите пораки на оваа книга, скриена меѓу редови…., вели Милан Јазбец во предговорот на книгата.
Книгата ќе ја промовираат Милан Јазбец и Рубенс Муратовски.
Главната цел на секоја книга е да се чита и да се научи нешто од неа. Да се прошират хоризонтите на читателот. А оваа книга е јасно дека ја постигнала целта. Всушност, дури и ја надминува. А тоа е најдоброто на патот до публиката. Нека се чита што е можно повеќе. Ако не за друго, господин Ристе Трпеноски го заслужува тоа!, подвлекува Јазбец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.