Документарниот филм „Единствен – сеќавање на Тоше Проески“, чија авторка е Катарина Миловановиќ, а продукцијата е на Прва телевизија од Србија, премиерно ќе биде прикажан утре во 19 часот, во Младинскиот културен центар во Крушево.

Сите оние кои ќе имаат можност да го погледнат филмот за Тоше Проески ќе ги запознаат и луѓето кои најдобро го познавале. За Тоше во филмот говорат Андријана Јаневска, Огнен и Соња Неделковски, Тони Цетински, Јелена Томашевиќ, Жељко Самарџиќ, пријателите на балканскиот славеј, членовите на бендот, новинари, соработници… Има инсерти и од училиштето во кое учеше Тоше, неговиот прв јавен настап, за жал и од последниот концерт, предметите што неговите пријатели ги чуваат како реликвии – открива авторката на филмот, новинарката Катарина Миловановиќ, а продукцијата е на нејзината матична Прва телевизија од Србија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.