Destiny Quartet со повеќе од милион прегледи на јутјуб е новата музичка атракција и најпопуларниот кросовер гудачки квартет во регионот. Тие се меѓународен музички проект во кој како арананжер на музиката се потпишува светски познатиот композитор Маурицио Абени, кој соработува со Андреа Бочели, Луис Бакалов и ред други големи имиња во музичката индустрија, како и со инжиниерот на звук Марко Страчони со над 500 филмски саундтракови, Оскар, Златен Лав и Златен глобус.

Меѓу нивните оригинални аранжмани се безвременските музички теми како El Choclo, Tico-Tico, Miserlou-Flamenco, Ederlesi, Black Eyes, Ladybug, Scent of a Woman, Nah Neh Nah многу други, кои се дел од  нивниот албум Feeling for a Woman.
На настапите Destiny Quartet се претставува со двочасовно концертно шоу на  еден несекојдневен и уникатен концертен настап со оригинално сценарио, импресивна кореографија и впечатливи визуелни ефекти кои нема да ве остават рамнодушни.
По успешните настапи во Австрија, Франција, Велика Британија премиерно и во Скопје во салата на Македонската Филхармонија
18 АПРИЛ 2024 во 20 Часот.
Билетите се во продажба на мрежата на www.mktickets.mk

Преостанати уште мал број на билети



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.