Најпознатата ски-дестинација во соседството и оваа сезона е првиот избор на страсните скијачи и вљубениците во добрата забава, а причина за тоа се настапите на најголемите музички ѕвезди на Music Week: Теа Таировиќ (15 февруари) и Саша Матиќ (16 февруари) кои настапуваат во Event салата на хотелот Гранд.

Совршено уживање во зимските спортови: Копаоник е зимски рај за љубителите на скијањето и сноубордингот. Со патеки за секое ниво на вештина секој ќе го најде својот совршен спој на адреналин и релаксација на белите падини. Ски-школите и изнајмувањето опрема се на дофат, овозможувајќи одлично искуство за сите посетители, без оглед на нивото на искуство. Велнес и спа рај: По ден поминат на патеките или уживање во концерт, опуштете се во луксузниот велнес центар на хотелот Гранд. Сауна, масажа или релаксација во базен со поглед на зимската идила, ќе ви овозможат потполно бегство од секојдневниот стрес. Гастрономска магија: Копаоник не е само рај за скијачите, туку и за љубителите на добрата храна. Уживајте во автентичните локални специјалитети во рустикални планински ресторани или препуштете се на врвните кулинарски деликатеси во луксузните хотели. Вашите сетила ќе доживеат вистински празник од вкусови! Одлична ноќна авантура: Копаоник е и идеална дестинација за љубителите на ноќниот живот. Освен спектакуларните концерти, разновидниот ноќен живот нуди многу забава за секој посетител. Баровите, клубовите и кафулињата се една од главните карактеристики на сребрената планина, а ноќните авантури лесно можат да се претворат во незаборавни забави кои траат до раните утрински часови! Доволно причини за патување, а особено за уживање во одличната програма на Копаоник Music Week, која наскоро носи нови имиња и нови датуми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.