Песната „Сафир“, испеана во дует од Таско и Малена е прогласена за најслушана песна меѓу двата фестивали, беше откриено на прес конференцијата пред почетокот на 39-тото издание на Фестивалот на музика „Макфест“, кој вечер и утре ќе се одржи во Штип.

На прес конференцијата се открија сите детали околу новото издание на фестивалот, а беа дадени и предлози за тоа што да се направи за идното, јубилејно издание на фестивалот.

-Драго ми е што по 39-ти пат успеваме да се носиме со предизвикот. Штип е домаќин на многу гости кои викендов ќе бидат дел од „Макфест“. Штип и Македонија овој викенд ќе живеат со песните на „Макфест“. Она што ме радува е што и оваа година организациски се подобривме во насока на модернизирање на фестивалот и презентирање на терминологии кои ќе го одбележат ова време. Никогаш нема да можеме да го вратиме стариот сјај на „Макфест“, но затоа работиме да го презентираме новиот сјај, онака како што бара новото време, како што бара публиката. Во оваа насока беа напорите на Општината, заедно со целата екипа и со уметничкиот директор да се создадат услови да се презентираат модерни хотови. Посакувам убав викенд, многу хитови кои ќе произлезат и на тој начин да ја продолжиме традицијата и да го негуваме единствениот фестивал на забавни мелодии, рече Иван Јорданов, градоначалник на Оптина Штип, која е организатор на фестивалот.

Уметничкоот директор Роберт Саздов, пак, меѓу другото рече дека вечерва на сцената на Домот на културата „Ацо Шопов“ ќе продефилираат 14 учесници.

-Како и минатите две години, така и оваа го реализиравме тоа да во ревијалната вечер имаме што повеќе етаблирани музички имиња. А вечерва имаме 14 дебитанти, кои не се доволно афирмирани иако пред нив веројатно претстои голема кариера. Како тоа обично бива, дел од нив ќе имаат кариера од неколку децении, а некои за неколку години можеби ќе фатат друг правец и нема да се занимаваат со музика. Но, нашата искрена желба е сите кои учествуваат на „Макфест“ да имаат голем допринос на македонската музичка сцена и некој од нив идните години да земаат учество во организацијата на на фестивалот и да помогнат и понатаму да живее ова наша естрада, рече Саздов.

Вечерва во паузата за гласање на дебитантската вечер ќе им шоу на наши две музички ѕвезди.

– Честа да се организира „Макфест“ е голема за целиот тим кои цела година работевме посветено. Сите подготовски се завршени. изведувачите ќе бидат придружувани со оркестар во живо и публиката ќе може да ужива., рече Александар Арсовски, продуцент од Општина Штип, кој откри дека по завршување на првата вечер, во паузата за гласање шоу ќе имаат Андријана Јаневска и Ѓоко Танески.

Член на уметничкиоот совет на фестивалот, Јован Јованов ги праша новинарите за мислење дали идната година да има две награди за најслушани песни и тоа едната на радио станиците, а дриугата од интернет слушаност, а која идеја остана за размислување до прославувае на јубилејното издание.

-Им посакувам среќа на сите. Најдобрите пет од вечерва ќе се пласираат во втората вечер, во финалната вечер. Ќе гласа публика и жири, а гласовите ќе бидат во сооднос 50:50, рече Јованов.

На сцената во Домот на културата „Ацо Шопов“ викендов ќе се отпеат вкупно 28 нови песни во двете вечери.

На овогодинашното издание ќе настапат Kaly со песната „Невера“, „The solution“ со „Ти и јас“, Александра Трајчевска со „Навика“, Ален Хрбиниќ Росси со „Со тебе“, Антониа Гиговска –„Жена“, Бојана Арсовска-„Никогаш доволно“, Васил Ангелов – „Без извини“, Дамјан Стоименовски – „Исти сме“, Дани Димитровска- „Пијана“, Дaрио- „Засекогаш млад“, Димитар Андоновски- „Бура“, Елена Ристеска- „Ме боли за се“, Ивана ЈО- „Себично“, Јана Мрческа – „Убава и храбар“, Калина Александар- „Да не те познавав“, Марија Атанасова- „Ти си ми се“, Марија Спасовска- „Страв“, Мирјана Митрева- „Плачев во себе“, Павле Камиловски-Дали можам“, Полина Тасева – „Сцена“, Сања Тодоровиќ- „Јас сум виновна“, Сергеј Поповски- „Сите утра“, Симона Поповска- „Без тебе“, Славица Ангелова- „Сама“, Тамара Волческа- „Кажи ми да знам“, Тианна Димова – „Сто пати“Тоше Ангелески – „Не прашувај“, Теа Трајковска и Таско со песната „Сатурн“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.