Италијанско-шведското трио Meduza набрзина ги освои срцата на обожавателите ширум светот со своите хитови кои ја зазедоа светската музичка сцена и им ги отворија вратите на најголемите музички фестивали ширум планетата. Нивните енергични настапи на фестивалот Exit и Sea Dance ги создадоа најубавите спомени во сеќавањето на многубројните фанови кои со нетрпение ги очекуваат во Големиот парк во Струмица на 6 септември!
Талентираните продуценти Mattia Vitale, Simone Giani и Luca de Gregorio за само две години станаа најбараното италијанско трио на глобалната стриминг сцена, а нивниот деби сингл „Piece of Your Heart“, создаден во соработка со британското музичко трио Goodboys, веќе брои над две милијарди стримови ширум светот, стигна до топ 10 листи во дури 20 земји, а во 2019 година беа номинирани за престижната награда Греми!
Придружните синглови „Lose Control“ , „Paradise”, „Tell It To My Heart” и „Bad Memories” им донесоа огромна популарност низ целиот свет, номинација за Греми и високи места на најважните светски музички топ листи. Во текот на кариерата соработуваа со различни изведувачи, како Becky Hill, Dermot Kennedy и Hozier, што им даде можност да го збогатат својот музички печат со различни автентични стилови, а нивниот звук и енергија што ја носат на своите настапи се препознатливи кај многу светски фестивали и ексклузивни клубови ширум светот!
Get EXITed забавата во Струмица како бесплатен еднодневен музички спектакл, досега ги привлече некои од најголемите имиња на светската и регионалната сцена, меѓу кои John Newman, Burak Yeter, Deborah De Lucа, Mahmut Orhan, Konstraktа, Van Gogh, Lannа и многу други, со повеќе од 20.000 разиграни обожаватели. Овогодинешното издание со фантастични изведувачи како Agents of Time, Meduza, Layla Benitez, Senidah, 2Bona, Young Dadi, Zee, Matej Foltz, DJ Popeye и Divizija ветува незаборавна забава под ѕвездите, прилагодена на различни музички вкусови!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.