Новиот албум на Влатко Стефановски се снима во најпознатаото светско рок студио “Abbey Road” во Лондон, информираат од Баги Комуникации.

Годинава тој прослави јубилеј – 50 години успешна кариера, во која зад себе има импресивни и безвременски хитови, кои ја задолжија македонската музика и култура.

Abbey Road Studios (поранешно EMI Recording Studios) е студио за снимање музика на Abbey Road бр. 3 во Лондон. Основано е во ноември 1931 година од Gramophone Company, претходник на британската музичка компанија EMI, која го поседуваше студиото се’ додека Universal Music Group (UMG) не ја презеде контролата во 2013 година. Најпознат клиент на студиото беа легендарните The Beatles, кои тука снимаа со многу од најиновативните техники што се користеа во 1960-тите години. Во 1976 година, студиото беше преименувано од EMI во Abbey Road.

По распадот на групата Леб и Сол, Влатко се посвети на самостојна кариера и издаде неколку албуми кои го отсликуваат неговиот широк музички опус. Неговата соло кариера опфаќа различни музички жанрови, покривајќи области како џез, блуз, етно-музика, но и дела на акустична гитара. Соработката со врвни музичари ширум светот дополнително го збогати неговиот музички израз.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.