Започнете ја Новата 2025 година ексклузивно, со енергија, стил и уникатно искуство кое ќе ги надмине сите новогодишни прослави досега! Оваа година, „Македонската опера и балет“ и „Прагма продукција“ нудат дочек кој е сѐ, само обичен не.
Новогодишна ноќ под знакот на музиката, хуморот и незаборавната забава, со специјалното музичко кабаре шоу на Иван Босиљчиќ, проследено со афтер-парти што ќе трае до изгрејсонце. Замислете новогодишна ноќ исполнета со луксузна атмосфера, раскошно кабаре и стенд-ап хумор што ќе ви измами искрена насмевка.
Иван Босиљчиќ, човекот чија харизма едноставно хипнотизира, ќе ви понуди уникатно шоу, полно со хитови, хумор, и искрени емоции. Тој ќе ве води низ една магична ноќ во која секоја нота и секоја шега ќе создадат атмосфера на интимност и гламур, носејќи ве на патување низ најдобрите песни и приказни. Но, тоа не е сè! Тука магијата не завршува! По шоуто, сè уште нема да биде време за спиење – вистинската забава дури тогаш започнува! Придружете ни се на ексклузивната ретро афтер-парти во малата сала на „Македонската опера и балет“, каде што Вера Јанковиќ ќе го одржи пулсот на вечерта со својата енергија и безвременски ретро хитови. Оваа ретро вечер ќе биде вистинско враќање во времето кога музиката зборуваше сама за себе. Ве очекуваат моменти кои ќе останат во вашата меморија – изненадувања на секој чекор, атмосфера на гламур и врвен стил, богат коктел, неограничено пиење и магична енергија, велат организаторите.
Вечерта започнува во 22 часот, кога „Македонската опера и балет“ ќе ги отвори своите врати за сите оние кои сакаат навистина поинаков дочек на Новата година. Ова не е само забава – ова е ноќ на магија, ексклузивност и автентично доживување што нема да го најдете никаде на друго место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.