Ова е уште едно парче музика кое го надополнува на албумот “Срцето Мое Тука Чука”, вели Зацески.

Зад оваа песна стои и еден многу млад и талентиран автор Бојан Димитровски, кој се потпишува за музиката, текстот и аранжманот. Ова е наша прва официјална соработка, и верувам не последна, бидејќи станува збор за еден голем талент и креативец во својата работа.

Мастеринг и снимањето беше обработено со Ангел Ќосев, во неговото студио “Подрумот”, додека зад видео записот се потпишува Никола Митревски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.