Новиот музички спот од новиот сингл на Владимир Четкар „Don’t make me wait’ се снимаше на повеќе локации во Охрид и Струга и е во режија на Бојан Симјаноски а во продукција на Harmonia Productions LLC, информира пејачот.

‘Don’t make me wait’ или ‘Не оставај ме да чекам’ е комплетно авторско дело на Четкар на кое тој е потпишан како композитор, аранжер, текстописец, оркестратор, диригент и изведувач (вокал и гитара).

Песната ќе се најде на најновиот студиски албум на Четкар ‘Let Us be’ кој прво ќе биде ексклузивно издаден на 18 септември во Токио од страна на познатата јапонска музичка куќа P-Vine Records за набрзо потоа да биде издаден низ целиот свет.

‘Don’t make me wait’ е снимена комплетно со жива инструментација (гудачка, дувачка и ритам секција како и водечки и пратечки вокали изведени од Четкар) во Чикаго во студиото ‘Electrical Audio’ и во ‘Hi Fi Studios’ во Милвоки.

На 3 август, пак,  Четкар со својот Џез, Соул и Фанк Ансамбл ќе настапи во Охрид во ‘Despina Lounge’ која се наоѓа на крајбрежјето на Охридското Езеро.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.