Актерите Тино Костадиновски и Атанас Атанасовски ќе одржат три стендап претстави „(Нат)просечен Македонец“ во салата „Јане Сандански“ на 2, 3 и 8 ноември.
„Никој досега не се осмелил да направи стендап во спортска сала, а камоли три претстави. Кукаме дека сме ‘Македончиња’ и дека не нѐ бива – еве, сега кога нѐ бива, би требало да се забележи ова како непобитен факт“, рече Бобан Милошески на денешната прес конференција.
Тино Костадиновски и Атанас Атанасовски потенцираа дека со овој проект целат да направат нешто што досега не е направено во Македонија:
„Брзото распродавање на првите два стендапи ни причини големо задоволство, но уште поголема одговорност. Нема да ја разочараме публиката, сакаме да испишеме историја и овие настани се еден вид порив за нас и круна на нашата досегашна работа, како и почеток на една нова етапа во нашата кариера”, изјави Костадиновски.
Специјален гостин им е комичарот Стефан Николовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.