По минатогодишниот незаборавен спектакл на кој повеќе од 20.000 луѓе танцуваа до зори, Get EXITed забавата е подготвена да се врати во Големиот парк во Струмица по трет пат по ред! Овогодинешното издание пристигнува на 6 септември за да го испрати летото низ разиграна атмосфера и разновидна музичка програма, а целосната програма ја предводат моќното дуо Agents of Time, динамичното електро трио Meduza, диџеј ѕвездата во подем Layla Benitez, икона на балканската музичка трап сцена Senidah, како и фантастичната локална поддршка за рап, трап и хип-хоп составена од млади артисти 2Bona, Young Dadi, Zee, Matej Foltz, DJ Popeye и Divizija, а сега и DJ Bonev се приклучува на целата програма.

Остануваат уште само седум дена до долгоочекуваната забава, а возбудата расте! Се очекува Струмица да стане епицентар на незаборавна забава, додека фановите се подготвуваат за ноќ исполнета со врвна музика и енергија донесени од некои од најбараните изведувачи на светската и регионалната сцена.

Едно од најбараните дуа на електронската музичка сцена, Agents Of Time, кои ќе ја доведат атмосферата на вечерта до кулминација со својот уникатен звук и фантастичната изведба, ќе се погрижат оваа вечер да стане легендарна! Од самиот почеток на нивната кариера во 2013 година, тие се здобија со глобално признание со молскавична брзина, редовно издавајќи албуми за водечките продукциски куќи. Високата позиција на сите стриминг платформи им го отвори патот за настап на светски и европски фестивали како Tomorrowland и EXIT фестивалот. Познат по клупската химна „The Mirage“ и хитовите како „Dream Visions“, „Paradigm“, „Vertigo“, „Love Is A Drug“ и „Friend Of Mine“, како и по ремиксот на „Take My Breath“ од The Weeknd, тие пристигнуваат на Get EXITed за да ја размрдаат публиката со нивниот карактеристичен мелодичен хаус звук и да презентираат свежи песни.

На главната програма на вечерта ќе се придружи врвното италијанско хитмејкерско трио по потекло од Италија, Meduza, составено од Mattia Vitale, Simone Giani и Luca De Gregorio. Благодарение на неговиот пулсирачки звук кој успешно ги комбинира мејнстрим и андерграунд елементите, тие брзо постигнаа голема популарност во сферата на електронските ритми. Нивниот хит „Piece Of Your Heart“, во соработка со англиското дуо Goodboys, собра над 2 милијарди прегледи! Сингловите како „Lose Control“, „Paradise“ и „Tell It To My Heart“ постојано ги освојуваат топ листите со повеќе од 150 илјади дневни стримови.

Ним им се придружува Senidah, хип-хоп и трап дива на балканската сцена која постојано ја воодушевува публиката со својот автентичен изглед и стил. Со својот силен, но и емотивен вокал, како и со честото играње со различни граници на одредени жанрови, кои вешто ги комбинира со традиционалните елементи, таа освои едно од клучните места меѓу женските уметници во регионот. Нејзините свежи хитови „Alo Alo”, „Greh” и „Delija”“ веќе достигнуваат милиони прегледи, додека песните како „Behute”, „Mišići” и „Level” публиката на секој настап ги пее на цел глас што е потврда за нејзиниот извонреден талент да го опише гласот на новата генерација со нејзината музика.

Layla Benitez, талентирана њујоршка диџејка, позната по љубовта кон диџеј пултот уште од мала, го носи својот препознатлив афро хаус звук во Струмица со загарантирана добра атмосфера со хитовите „Usion”, „No Place To Go“ и најпознатиот сингл „Fizzy Pop”. Публиката на Егзит ја запамети по нејзиниот динамичен настап на mts Dance Arena-та минатата година.

Get EXITed, дизајниран како еднодневен музички спектакл во соработка помеѓу фестивалот EXIT и општина Струмица, досега имаше можност да биде домаќин на некои од најголемите имиња на светската и регионалната сцена, како што се легендарните John Newman, Burak Yeter, Deborah De Luca, Mahmut Orhan, Konstrakta, Van Gogh, Lanna и многу други. Овогодинешната лепеза на жанрови ќе ја предводат Agents of Time, Meduza, Layla Benitez, Senidah, како и фантастична локална поддршка составена од Young Dadi, 2Bona, Zee, Matej Foltz, DJ Popeye и Divizija, а сега домашното засилување диџеј Бонев е приклучување кон целата програма.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.