Владо Јаневски, Андријана Јаневска, Бојана Скендеровска, Алексансар Тарабунов, Ламбе Алабаковски, Полина, Љубојна, Таско, но и младите и талентирани Александра Трајчевска, групата Blue, Драгана Јовановска, Јасмин Алиевски и Тијана Периќ ги испеаја новите хитови на 38. издание на ,,Макфест”.

Oрганизаторот на „Макфест“ од Општина Штип, Александар Арсовски, вели дека се задоволни од сработеното, а на публиката се понудила музика за сечиј вкус, како за  помладите, така и за повозрасните генерации.

Водители на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ и годинава беа Маријана Станојковска и Димитар Атанасовски, а за време на втората вечер како водители се појавија Светлана Црнокрак, Миро Кацаров и Вера Јанковиќ, која публиката ја поздрави со макфестовски рефрен, додека, пак, штипската публика возврати со долги и силни аплаузи за единствената Јанковиќ, која пред десет години го водеше фестивалот.

На 38. издание на  „Макфест“ во две фестивалски вечери беа испеани 26 нови забавни песни.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, на Пајак и Лара им додели парична награда од 120.000 денари, за најслушна песна во текот на годината.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.