НУ Центар за култура во соработка со НУ Камерен оркестар на Битола по шести пат го организираат концертот „Засекогаш во срцата“.
Од НУ Камерен оркестар на Битола информираат дека годинава ќе се одржат два концерти во чест на Тоше Проески, Кире Костов и Драган Каранфиловски – Бојс.
Како и секоја година, покрај македонски изведувачи, во проектот поддржан од Министерството за култура, на сцената ќе се појават и гости од соседните држави, кои ќе ги изведат најдобрите песни на Тоше во оркестарски аранжман.
На 16 февруари, на два концерти, најдобрите хитови на Тоше Проески, Кире Костов и Драган Каранфиловски – Бојс ќе бидат изведени од Гоца Тржан, Ристо Самарџиев, Наде Талевска, Димитар Андоновски, Ана Петановска, Бојан Стојков, Александра Трајческа и Катерина Јовановиќ во придружба на Камерен оркестар на Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.