Поранешниот тапанар на групата „Ред Хот Чили Пеперс“, Д.Х. Пелигро почина на 63-годишна возраст по пад во неговиот дом во Лос Анџелес.

Тој почина откако удри со глава при несреќен пад во петокот во неговиот дом.

 

Тапанарот, чие вистинско име е Дерен Хенли, им се придружи на „Dead Kennedys“ во 1981 година, а подоцна свиреше со Ред Хот Чили Пеперс.

Кога „Dead Kennedys“ повторно се обединија во 2001 година, тој повторно им се придружи.

 

Тој беше вториот тапанар на бендот и ја презеде функцијата од основачот на групата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.