На 25 јуни, недела, по втор пат на Скопје ќе му се случи фестивалот „Модерно Скопје“ и тоа во срцето на Градскиот парк со главна бина на „Школка“, каде што ќе има богата музичка програма и забавни активности за сите возрасти.

И ова второ издание на „Модерно Скопје“ носи возбудливо музичко искуство кое ќе ни го овозможат најдобрите македонски артисти. Музичкиот дел од хепенингот ќе започне во 12 часот, а истиот ќе биде збогатен со ексклузивен настап на „Поточиња“, како и веќе докажани музички имиња меѓу кои Таско, Тони Зен, Ивона Јо и Куку Леле. „Модерно Скопје“ и оваа година ќе биде незаборавен музичко сценски спектакл кој на македонската публика и музичката јавност, ќе и го доближи чувството за присуство на фестивал од највисок ранг, велат организаторите.

Влезот е слободен за сите посетители.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.