Имаш идеја за бизнис проект или проект во рана фаза од областа на музиката? Во потрага си по меѓународни контакти, бизнис соработка или менторство? Доколку одговорот е ДА – HEMI Incubator е одлична можност! Краен рок за аплицирање: 22 март

Центарот за размена на музички иновации –„ХЕМИ“ (Hub for the Exchange of Music Innovation – HEMI) со гордост го најавува второто издание на „ХЕМИ Инкубатор“ (HEMI Incubator), првата програма за инкубација и забрзување на музичката индустрија во регионот!

„ХЕМИ Инкубатор“ е програма за развој на бизнисот, наменета за музички претприемачи и компании од 9 земји во Централна и Југоисточна Европа: Чешка, Естонија, Грција, Унгарија, Македонија, Полска, Романија, Србија и Словенија. Toj обезбедува систем на хибридни и растечки шеми за обука со цел да се донесат мерливи резултати за музичките професионалци и веќе воспоставените компании (претприемачи / мали и средни претпријатија / стартапи во музичкиот сектор).

Програмата за обука е поделена во два дела:

Првиот дел е 5-месечната програма за забрзување, која трае од април до септември 2023 година, адресирана до музички професионалци кои имаат бизнис идеја, сакаат да создадат нова услуга, производ или компанија поврзана со музичката индустрија и имаат потреба од поддршка за да го претворат во опиплив производ или услуга.

Вториот дел е 6-месечната програма за инкубација, која трае од април до октомври 2023 година, се однесува на музичките претприемачи и деловни професионалци кои сакаат да ги развијат своите постоечки производи/услуги и да ги прошират своите бизниси на нови пазари.

Кој може да се пријави?

• Професионалци од музичката индустрија, самовработени или мали и средни компании (на пр. менаџмент / букинг / комуникации / маркетинг агенции / лиценцирање / издаваштво / компании за авторски права / сектор за изведби во живо / снимање / продукција итн.);
• Бизнис професионалци кои нудат одржливи решенија за музичкиот сектор (на пр. софтвер како услуга, блокчејн, зголемена реалност, вештачка интелегенција, билети, адвокат/сметководител во забавната индустрија, итн.)
• Претприемачи кои се на пат да создадат нова услуга, производ или компанија поврзана со музичкиот сектор;
• Компании кои се регистрирани во една од 9-те земји на „ХЕМИ“ (Чешка, Естонија, Грција, Унгарија, Македонија, Полска, Романија, Србија, Словенија);
• Граѓаните на 9-те земји на „ХЕМИ“ кои живеат насекаде во рамките на Европската Унија, Обединето Кралство и земјите од ЕФТА (Европска асоцијација за слободна трговија).

Избраните проекти, стартапи и мали и средни претпријатија, ќе добијат менторство еден на еден, работилници за специјализирани деловни теми и меки вештини, акредитации на музички конференции на партнерите на „ХЕМИ“ и ревијални фестивали. Тие, исто така, ќе учествуваат во настани за нетворкинг, сесии за пичинг и дружење со клучните играчи во индустријата. Последно, но не и најмалку важно, 6 проекти/компании ќе добијат грант поддршка за понатамошен развој на нивниот проект (по успешно завршување на програмата).

Обликувајте ја иднината на музичката индустрија!

Дознајте повеќе за програмата и аплицирајте овде: HEMI Incubator 2023

„ХЕМИ Инкубатор“ е развиен од организациите членки на „ХЕМИ“ иницијативата во соработка со врвни индустриски експерти и ментори и во партнерство со некои од најактивните и најпосветените музички и технолошки организации / здруженија во Европа како што се „Found.ation“ (ГР), „IMPALA“ (ЕУ), „Lift99“ (EE), Музички Иновативен Центар (ИТ), „Music Tech Europe“ (ЕУ).

Дополнително, целта на „ХЕМИ“ да создаде повеќе можности за регионалната музичката индустрија ја поддржуваат повеќе организации и фестивали од таргетираните 9 држави на Балканот, меѓу кои е и македонската „Пасворд Продакшн“ (Password Production). Преку вклучување на своите фестивали, најистакнато „ПИН Конференција“, во вакво партнерство можностите на кои се изложени македонските музички изведувачи и професионалци несомнено е променето. Најмногу оваа промена е препознатлива кај музичарите кои во повеќе наврати се финалисти на „ХЕМИ Музичките Наггради“ (HEMI Music Awards) преку што ја споделуваат македонската музика на поширок пазар.

Центарот за размена на музички иновации – ХЕМИ

ХЕМИ е иницијатива на 10 музички организации од Централна и Југоисточна Европа, кофинансирана од програмата на ЕУ – Креативна Европа, чија цел е да развие иновативни бизнис модели и да ги поддржи уметниците и професионалците од музичкиот бизнис за да ги задоволат тековните потреби на пазарот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.