Во петок, 15 декември 2023 година, во Младинскиот Културен Центар во Скопје, со почеток во 18:30 часот, ќе се одржи седмото издание на фестивалот Востание.

На седмото издание публиката ќе ужива во настапите на седум бендови и тоа:

 

Nasty од Белгија – Бенд со легендарен статус на Европската хардкор сцена. 8 албуми позади себе, безброј турнеи и настапи на најголемите Европски фестивали. Пред месец дена излезе нивниот нов албум “Heartbreak Criminals” за Century Media Records. Ова им е второ гостување во Скопје. Кој се сеќава на нивниот настап на Diehard јубилејот пред 6 години знае за што станува збор. Бенд кој едноставно растура се пред себе.

SHOCK TROOPERS – Одличен бленд на харкор панк краст и грајнд. Формирани 2007-ма во Скопје, со богато концертно искуство, два долгосвиречки албума и сплит, Европски турнеи. Во моментов работат на новиот албум.

 

PEACH VICE е пост-пандемски бенд, роден од бурата на пред-пандемскиот човек. Метафизичко дијалектички битија, со потреба за хаос и бес, ширење позитивен гнев и желба за развивање (не)свест, бендот се оформува во конечната форма пред крајот на 2022та година и издава два видео записи – „Диши“ и „Крал“. Сѐтоа како наговестување за првиот албум именуван EKIPIZZA кој излегува на 31.01.2023 година. Првото излегување на виделина во оваа форма им е на фестивалот „Земјотрес 11“ каде што постигнуваат пичвајз. Во текот на оваа година имаат уште неколку експлозивни настапи низ Македонија, вклучувајки го и неописливиот настап на „Д-Фест“. Во Јуни издаваат сингл со видео запис именуван „Лице“, а во моментов се во процес на снимање на нов албум.

PRIMITIVE DREAD – Ударна доза hardcore thrash crossover! Бенд составен од искусни играчи на Македонската сцена.
Минатата година го издаваат деби еп-то “Rusty Chains Of An Endless Transition” а новото издание е веќе снимено и чека да ја види светлоста на денот.

 

NAGÖN – Бенд составен од добро познати играчи на Српската хардкор панк сцена (Hitman, The Bridge, Bronze). Хордата доаѓа на Востание 7 да го промовира новиот албум “Generations of the Wasteland”.

INNER HATE е melodic death/thrash бенд од Кичево формиран во 2017 год. Бендот пред неколку дена го објави одличниот прв албум насловен “Worthless Throne”.

Dimish е младич од Скопје кој има мисија да го врати класичниот панк-рок во игра. Во таа идеја го пратат Лука, Аце и Захар, бендот кој стои зад него на секоја свирка, заслужен за моќни и енергични настапи. Музиката ја прави, снима и продуцира сам во соба, а неговата цел со музиката која ја создава е да им помогне на луѓето во нивните тешки денови. Dimish има едно чудо изданија, музиката варира од панк-рок, па се до инди-поп.

Билети во претпродажба по цена од 700 ден на билетара во МКЦ или онлајн на bileti.mkc.mk. По отварање на вратите билетите ќе чинат 800 денари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.