Во Битола и во Скопје, во организација на битолскиот Камерен оркестар, ќе се одржат два концерта посветени на музичкиот великан Јонче Христовски. Според музичарот Ристо Самарџиев, целта е да пренесат само дел од она огромно творештво, што овој великан на македонската музика го има создадено низ годините.

На концертот, освен Ристо Самарџиев, ќе настапат и Виолета Томовска, Ленче Кукиќ, Горан Кукиќ, Елена Андоновска, Душко Георгиевски, Петар Младеновски и Агну Авшар.

Во Битола концертот ќе се одржи на 4 април во Центарот за култура, а веќе следниот ден, 5 април, во Скопје во Националната опера и балет.

Ќе се обидеме да пренесеме само дел од она огромно творештво, што овој великан на македонската музика го има создадено низ годините. Се надеваме дека тоа ќе успееме да го реализираме барем во некој дел, и драго ми е што за првпат на еден ваков начин, со камерен оркестар, со 40-тина музичари на сцената ќе прозвучат неговите легендарни композиции. Основата на ново создадена македонска песна сигурно лежи и кај големиот Јонче. Тој има важна нота во песните со која истовремено можеме и да тагуваме и да заиграме, рече на денешната прес-конференција Ристо Самарџиев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.