Празничната програма продолжува и овој викенд во Маврово. Програмата почнува во петок со дочекот на Стара нова година, во топлиот амбиент на Вајн ескејп (Wine ecape) во хотел Смрча, со Никола ЗАЦ и Мелем.

Главниот настан е закажан за в сабота, концерт на Нокаут во спортската сала Ресорт Маврово од 20 часот. Атмосферата ќе ја загреат Никола ЗАЦ и Мелем, а во финалните часови, екипата на Chvare ft. Goce Saf //Funky Fresh// ќе понуди добри битови. Резервирајте си место на време!

Недела е ден за дечињата. Во истата спортска сала екипата на „Светот на Биби“ ќе одржи концерт со почетокот во 11 часот. Влезот е бесплатен.


Биби ги повикува дечињата на забава, игра и песна за Светскиот ден на
снегот.
Уживајте и овој викенд во свеж планински воздух, добра забава и вкусна храна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.