Традиционалниот музички фестивал „Земјотрес“ годинава ќе го тресе Скопје на 3 февруари во Младинскиот културен центар, а ќе настапат плејада изведувачи.

Се тресеме. Сите заедно. Се тресеме од студ, се тресеме од неизвесност… се тресеме од извесност. Се тресеме од туѓите избори, од памет нѐ вадат нашите избори. Се тресеме 12 години со НАШИОТ ЗЕМЈОТРЕС, сѐ тресеме елегантно, ма прекрасно се тресеме. Скопје е трусно подрачје, совршена сцена за урбана зомби апокалипса во континуитет. Па се тресеме во континуитет. Се тресеме во ритамот на музиката, кожи наежени, младост подготвена да експлодира низ конзервата на е*еното примитивно општество. Се тресеме од општеството, а би сакале ние да го треснеме посред глупата му фаца.
Земјотресно Скопје. Дојдете да се тресеме заедно по 12-ти пат во МКЦ, а и МКЦ се тресе. Ладно му е. Додете да го гушнеме. Дојдете да се видиме, гушнеме“, вели организаторот на најголемиот фестивал на свежа, домашна и независна музика.

Првите карти по цена од само 300 денари брзо се продадоа, но во продажба на билетарницата на МКЦ и онлајн на bileti.mkc.mk сѐ уште има од оние од по 400 денари. На денот на настанот картите ќе бидат по цена од 500 денари. Картите се во ограничен број, велат организаторите во најавата за настанот.

На „Земјотрес“ 2024 ќе настапат:

✴ Adi Imeri Trio
✴ Andreja Salpe
✴ ATA
✴ DamageControl
✴ Dobrila & Dorian Duo
✴ Donplaya
✴ Gargara
✴ ISKRA
✴ Кенопсија
✴ Културно Уметнички Работници
✴ Lincoln Letter
✴ Luke Levin
✴ MC Kain
✴ Meggy
✴ Mirko Popov
✴ Noviot Pochetok
✴ OVC Kolektiv
✴ Tengri
✴ The Ooz
✴ Trendkill
✴ Visionary

Саатницата ќе биде објавена ден-два пред настанот на Facebook страницата на „Земјотрес“ и на онаа на самиот настан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.