На 27 ноември 2023 година во Котур, со почеток од 20:00 часот ќе може да присуствувате на промоцијата на музички видео записи од новиот албум на Горан Таневски ASCEND.

Албумот е прв од трилогијата наречена “Среќен сум дури и без себе” кој ќе излезе на 14 декември, за издавачката куќа МЕНАРТ од Словенија.

 

Покрај проекцијата на музичките видео записи, ќе ја имаме честа да го чуеме и Горан Таневски во живо со вокална интерпретација на одредени композиции, а и да поразговараме со него.

Автор на музичките видео записи е Мики Ставрев (Criminal Records) освен на видеото за Ascend кое е дело на Светислав Подлешанов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.