Вечерва со почеток во 20:00 часот, во малата сала на Македонската Филхармонија, ќе може да уживате во концертот на Сегед Тромбон Ансамбл од Унгарија. Воедно ова е и првиот настан на годинешниот четврти по ред „Скопски Брас Фестивал“.

Концерт на најдобриот и единствен по својот формат ансамбл од Сегед, Унгарија. Предводени од György Gyivicsan, еден од најдобрите тромбонисти на денешницата. Составот ќе се претстави за прв пат во Македонија.

 

Од барок до “Queen”, од класична до филмска музика… само така може да се опише концертната програма на SzegEd TRombone ENsemble – by György Gyivicsan. А зошто и не би била толку разновидна, кога виртуозноста и музикалноста на овој состав е на високо ниво и самите членови се меѓу најдобрите тромбонисти во светот.

„Брас“ школата воопшто во Унгарија е една од најпознатите во светот. Пример за тоа се сите светски натпревари со највисоки критериуми каде редовно во првите три места има барем еден студент од Унгарија. Токму Скопје ќе биде домаќин на оваков калибар на музичари. Дојдете сите да уживаме во концертот на најдобриот тромбонски ансамбл во светот.

 

Влезот е беспалтен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.