Вечерва со почеток во 21:00 часот на летната сцена „Славиша Кајевски“, ќе имате можност да ги слушнете најголемите хитови на Битлси во изведба на Националниот џез оркестар.

Подгответе се за вечер исполнета со магични џез изведби на најголемите хитови на Битлси. Уникатна музичка интерпретација која не смеете да ја пропуштите.

Билетите може да ги набавите на online на следниот линк https://mnt.mk/online/index.php?id=580 или на билетарницата на МНТ.

Се гледаме!, велат организаторите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.