Познати се сите финалисти кои ќе настапат вечерва на финалната вечер на „Евровизија 2023“.

Од првото полуфинале се пласираа Хрватска, Молдавија, Швајцарија, Финска, Чешка, Израел, Португалија, Шведска, Србија и Норвешка. Од втората полуфинална вечер во финалето се пласираа Албанија, Кипар, Естонија, Белгија, Австрија, Литванија, Полска, Австралија, Ерменија и Словенија. Уште шест земји директно се пласирани во финалето, а тоа се Шпанија, Франција, Велика Британија, Германија, Италија и Украина.

Фаворити има неколку, а ситуацијата кај обложувалниците се менува од час во час.

На првите три места се наоѓаат Шведска, Финска и Украина. Ситуацијата после нив често се менува, но сега Франција е на четвртото место, Израел на петтото, а Шпанија на шестото место. Италија се искачи на осмото место, а зад неа е Австрија на деветтото место.

Хрватска од влезот во финалето го држи 13-то место во обложувалниците. Србија падна на 22. место, додека Словенија скокна на 19.

Последните места се Португалија, Литванија и Албанија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.