Во мултимедијалниот простор „Котур“ во Скопје вечерва, на 20 септември, „Диско принцип“, настан со диско музика, во организација на Гете инситтот во Скопје, во соработка со „Партизанска штампа“, „5060“ и „Канал 103“.

Според највата, во живо ќе настат Македонка, дуото Пепи и Шабан и Тодор Караколев, а музика ќе пуштаат Јоана Ристеска и Стефан Алијевиќ. Колективот „Партизанска штампа“ ќе се претстави со интервенција во простор насловена „Ненаситен дисколаж“.

Во октомври 1959 година, поранешниот ресторан The Scotch Club во Ахен, Северна Рајна Вестфалија, се трансформира во сала за игранки. Газдата штедел на бендови и решил да користи плочи. Hier kommt младиот Klaus Quirini (подоцна DJ Heinrich) кој го зачнува она што потоа во светот стана познато како „диско“.

Диско ерата делуваше како култура за формирање идентитет, како израз на движења за општествено ослободување, на музички иновации и танцова извонредност. Таа имаше влијание врз модата, внатрешниот дизајн и вопшто врз целоснaта култура на живеење.

65 години подоцна, не сакаме само да се сеќаваме на тоа, туку и да покажеме како сцената денес се однесува кон феноменот „диско како принцип“, најавува организаторот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.