Во интимниот амбиент на „Кафе Литература“ („Дајмонд мол“), овој петок (12.04), со почеток во 21 часот, публиката ќе ужива во најубавите џез-стандарди, во акустично-вокална изведба на триото предводено од џез-вокалистката Марија Димитријевиќ.

Моќниот глас и впечатливата интерпретација на Димитријевиќ, во придружба на клавиристот Филип Димишковски и Андреа Мирческа на контрабас, ќе ја одведе публиката на незаборавно патување низ историјата и развитокот на најубавите џез-композиции на сите времиња.

Настапуваат:
Марија Димитријевиќ – вокал
Филип Димишковски – клавијатури
Андреа Мирческа – контрабас

„Литература.мк“ во партнерство со радиото „Џез ФМ“ организираат низа музички настани, кои се одржуваат секој петок во „Café Literatura“ во „Дајмонд мол“. Целта на овие концерти е на публиката да ѝ се овозможи квалитетно музичко искуство и да се поддржи развитокот на џез-културата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.