Пејачката Шакира е овековечена со статуа која беше откриена во нејзиниот роден град Баранкиља во Колумбија. Бронзено-алуминиумскиот споменик висок 6,5 метри ја прикажува поп-ѕвездата во едно од нејзините препознатливи танцови движења со рацете над главата и марама врзана околу половината.

„Колковите што не лажат, неспоредлив талент, глас што ги допира масите“, гласи натписот во основата на скулптурата.

„Им благодарам на скулпторот Ено Маркез и на учениците од околното уметничко училиште за оваа илустрација и за големата уметничка дарба на луѓето од мојата земја“, напиша Шакира на „Х“.

Обележјето е откриено со свеченост на бреговите на реката Магдалена во Баранкиља, во северна Колумбија, во присуство на родителите на пејачката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.