Во вторник, на 12 ноември од 20 часот во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ Во Прилеп ќе се одржи целовечерен концерт на Александар Јовевски, композитор, аранжер, инструменталист (кавал, тамбура) и музички лидер на етно составот „Монистра и дел од речиси сите етно проекти во државата. Концертот е поддржан од Министерството за култура и туризам.

„Од колено на колено” e нов музички етно проект (албум) на Александар Јовевски на кој базата е македонскиот фолклор, традиција и идентитет, и е проект од национален интерес за Македонија. Во составот на проектот има повеќе професионални музичари и се застапени народните инструменти: кавал, тамбура, канон, женски вокали, и е збогатено со клавијатури. На носачот на звук „Од колено на колено” се застапени четири обработки на стари македонски изворни песни како што се „Бај Никола“, „Изникнало криво крувче“, „Сношти го видов мамо мори убавото Стојне,“ „Ајде мала Стана болна лега“, меѓутоа има и авторска музика, 6 авторски композиции творени во духот на македонската традиција но со нов музички израз и тоа: „Tамбурски вез“, „Кавал гали“, „Игра на инструментите“, „Длабочина“, „ЈовАнина“ и „Александров танц“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.